Платформата Јутјуб, која е во сопственост на компанијата Гугл, го блокира пристапот до каналите со линкови до руски државни медиуми повикувајќи се на политика за насилни настани.

„Нашите упатства за заедницата забрануваат содржина што негира, минимизира или тривијализира добро документирани насилни настани и ја отстрануваме содржината за руската инвазија во Украина што ја прекршува оваа политика“, информира платформата.