Директорот во Јувентус, Фабио Паратичи, изјави дека клубот има долга листа на тренери, меѓу кои да го избере наследникот на Масимилиано Алегри, и истовремено оперира без наметнат временски лимит при донесување на одлуката.
„Бјанконерите“ во последниот месец всушност беа поврзувани со бројни ментори низ цела Европа, но најчесто се слушаат три имиња: Маурицио Сари (Челзи), Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) и Маурисио Почетино (Тотенхем).
– Постои долга листа на тренери што ги разгледуваме. Имаме јасни идеи и работиме на ова прашање. Ние не поставивме краен рок, ќе биде потребно време, а потоа ќе го дознаете името на новиот тренер,прокоментира Паратичи.
Според повеќето италијански медиуми, Сари најверојатно ќе ја добие престижната работа. Тој самиот зборуваше за неговото внатрешно чувство дека мора да се врати дома.
– Сите Италијанци го велат тоа, затоа што знаеме дека тука животот е добар, а храната – прекрасна, се пошегува Парaтичи.