Италијанскиот шампион Јувентус одбил понуда од Борусија Дортмунд за напаѓачот Марио Манџукиќ, тврди „Калчо Меркато“.
Популарниот Манџо одигра многу силно светско првенство и постигна три гола и асистенции, откако се пласираше на второто место на Светското првенство 2018 со Хрватска.
Во вчерашниот финален натпревар со Франција, Марио постигна автогол, а во второто полувреме успеа да се запише во листата на стрелците, по грешката на Иго Лорис.
Интересно е тоа што Дортмунд беше поврзуван со Манџукиќ и во 2014 година, кога го напуштил Баерн Минхен во правец Атлетико Мадрид. Но, тогаш против трансферот бил Јирген Клоп.
Договорот на „старата дама“ со репрезентативецот на Хрватска истекува летото 2020 година.