Францускиот супер талент, Килијан Мбапе изјави дека нема да го менува тимот ова лето.

– Останувам во ПСЖ. Јас ќе продолжам по својот пат. Едвај сум на почетокот на мојата кариера, изјави напаѓачот на „принцовите“ за „Радио Марка“.

Офанзивниот фудбалер (19) е поврзан со Реал Мадрид, особено по трансферот на Кристијано Роналдо.

– За да победуваш, мора да веруваш. Да имаш вештини не е доволно. Верата е над сѐ, рече Мбапе по вчерашниот триумф на Мундијалот 2018 што се одржа во Русија.