Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо пристигна на стадионот на неговиот нов клуб Јувентус, каде што ќе ги помине медицинските прегледи.

Роналдо беше пречекан од стотици поддржувачи на „старата дама“ и без двоумење застана и даде автограми и се фотографираше со некои од најсреќните поддржувачи.

Подоцна, Португалецот се очекува да биде официјално претставен и како играч на Јувентус, откако премина во Торино од Реал Мадрид за 112 милиони евра.