Актуелниот тренер на Челзи Маурицио Сари од следната сезона го презема Јувентус.
Италијанските медиуми објавија дека Сари и Јувентус се договориле за плата од седум милиони евра, не наведувајќи дали во тој износ се вклучени и бонусите.
Договорот ќе биде потпишан откако Сари ќе се ослободи од договорот со лондонскиот клуб, а поради почит кон неговиот сегашен клуб, Италијанецот не сакаше да се објави информацијата до среда, кога се игра финалето на Лига Европа во Баку, меѓу Челзи и Арсенал.
Тренерот на „сините“ би сакал на мирен начин да замине од Челзи, но доколку не најде заеднички јазик со сопственикот на клубот Абрамович, тој е подготвен и да поднесе оставка со што ќе се откаже и од парите на претходниот договор, за да биде иден тренер на италијанскиот шампион.