Јувентус сака да го има во својата одбрана бекот Мерих Демирал, за кого е подготвен да му плати 15 милиони евра на својот братски клуб Сасуоло.
Турскиот фудбалер играше само шест месеци во Сасуоло, како позајмување од Аланија со право да го купат за седум милиони евра, но тоа беше доволен период да се докаже дека е подготвен за најголемите европски клубови.
За Демирал се заинтересирал и Диего Симеоне, дури и дал повисока понуда, односно 25 милиони евра, но Сасуоло не сакаше да го прекрши усниот договор со италијанскиот шампион.
Јувентус работи за подмладување на одбранбениот ред, особено откако во пензија замина Андреа Барзали, а останале капитенот Киелини кој има 35 години и 31 годишниот Леонардо Бонучи.