Регулаторното тело за здравство на Јужноафриканската република (ЈАР) ја одобри употребата на вакцината Фајзер/БиоНТек за деца на возраст од 12 години и постари, отворајќи пат за владата на земјата да ги имунизира тинејџерите.
Регулаторното тело соопшти дека одлуката е донесена по ажурираната ревизија за безбедност и ефикасност во март оваа година.
По слабиот почеток, кампањата за вакцинација во ЈАР се забрза во изминатите неколку месеци, па вакцинирани се 12 проценти од населението од 60 милиони жители, што ја става оваа земја значително пред другите од африканскиот континент.