Наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за скратување на заедничките воени вежби со Јужна Кореја делумно претставува притисок врз Сеул да ги поддржи американските напори во војната со Иран, изјави јужнокорејскиот министер за надворешни работи, Чо Хјун.

Чо изјави дека пораката на Трамп, освен што претставува притисок врз јужнокорејската влада во врска со неколку нерешени прашања, вклучително и на јужнокорејските инвестиции во САД, веројатно претставува порака и до Северна Кореја, како и обид на Вашингтон да се надмине застојот во војната со Иран.

Јужна Кореја и САД денеска објавија дека годишните заеднички воени вежби ќе бидат скратени од 11 на пет дена, а ќе биде намален и обемот на дел од теренските активности.