Втора недела откако почна „истрагата“ на институциите за скандалот на Онкологија и нема никаков резултат, ниту пак има некакви индиции. Очигледно власта на ДУИ и СДС подготвуваат нов случај кој ќе се заташка по принципот – кабелот е виновен, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Индициите за криминал на Онкологија во јавноста се говорат веќе со месеци и години наназад. Се правело бизнис со скапата терапија наменета за болните, односно пациентите останувале без потребните цитостатици, а истите биле препродавани на црниот пазар во Македонија и во странство. Наместо потребниот лек, според сведоштвата, пациентите добивале физиолошки раствор, а некој правел грдни пари со лековите кои некому живот значат.
Тоа што после толку денови од „официјалната истрага“ нема притворени или суспендирани, отвора сомнеж дека виновниците се во највисоките ешалони на власта и дека сега се прави операција за прикривање на докази, криење на трагите и заташкување на криминалот.
Со оваа власт и со ова обвинителство седнато во скутот на СДС и ДУИ нема да има правда. Правдата за овој монструозен криминал на сметка на болните од канцер, но и за другите трагедии ќе дојде после изборите и промената на власта, стои во соопштението на паријата.