Тврдењето на лидерот на Нова демократија дека грчката влада се пазарела и „го разменила скопското прашање за да нема кратења на пензиите“, денеска го коментираат од Кабинетот на грчкиот премиер и бараат од Мицотакис, доколку навистина го мисли она што го кажал, да излезе со докази и податоци, јави МИА од Атина.
– Вчера господинот Мицотакис имаше храброст да обвини дека премиерот ја продаде Македонија за да не се скратат пензиите. Бидејќи не сме сигурни дали разбра што кажа, го повикуваме да го повлече кажаното и да се извини или да им даде податоци и имиња на грчкиот народ и на меѓународната заедница. Кои се европските лидери што учествуваа во размената со премиерот за едно толку критично национално прашање, коментираат од Кабинетот на Ципрас.
Од кабинетот додаваат дека очекуваат Мицотакис, веднаш да одговори.