Претседателот на државата Стево Пендаровски, вечерва ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на 61-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид.
Обраќањето на претседателот Пендаровски, најавија од неговиот кабинет, ќе се пренесува во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Facebook страницата и на YouTube каналот на Претседателот.
Реномираниот меѓународен фестивал „Охридско лето“, којшто традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, годинава свечено ќе биде отворен со гала балетскиот концерт „Големиот Чајковски“ во изведба на уметниците од Националната опера и Балет.