На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 253 мерки, меѓу кои и 73 казни за возење со брзина поголема од дозволената.

МВР денеска соопшти дека за возење под дејство на алкохол се изречени 63 санкции, 18 прекршоци биле што ги чинат возачите на мотоцикли, а 23 казни за возење без возачка дозвола.

– Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила, 12 за возач почетник, 29 санкции за непрописно паркирање.  Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, стои во соопштенеито од МВР.