Русија соопшти дека подготвува меѓународна средба за Авганистан на 4 септември, и ги покани талибанците да учествуваат во неа.
– Планираме средба на 4 септември, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.
Тој потврди дека талибанците исто така се поканети на состанокот, за кој верува дека се вклопува во „напорите за отпочнување процес на национално помирување во Авганистан”.
Кабулов позитивно го оцени вчерашниот предлог за тримесечен прекин на огнот направен од авганистанскиот претседател Ашраф Гани.
Специјалниот претставник на рускиот претседател изрази надеж дека талибанците ќе реагираат позитивно.
Гани вчера објави четиримесечен прекин на огнот со талибанците, кој започнува денеска. Тој ќе трае до роденденот на пророкот Мухамед, кој се слави на 21 ноември, но под услов талибанците да го почитуваат, рече претседателот.