Израелскиот министер за одбрана Израел Кац вети дека Израел ќе продолжи со нападите врз Иран, предупредувајќи дека врховниот лидер на Иран Али Хамнеи би можел да ја доживее истата судбина како соборениот и егзекутиран ирачки лидер Садам Хусеин.

– Го предупредувам иранскиот диктатор да престане со воени злосторства и ракетни напади врз израелските цивили, изјави Кац, пренесе Тајмс оф Израел.

– Добро би било да се сети на судбината на диктаторот од соседната држава кој избра сличен пат против Израел, додаде Кац, алудирајќи на Садам Хусеин.

Кац нагласи дека израелската армија и натаму ќе дејствува против цели на режимот и војската во Техеран, повторувајќи ги повиците до жителите на Техеран да го напуштат градот.

фото: архива