Уметноста е идеален начин да се покажете колку некоја ви значи. Преку неа можете да објасните многу повеќе отколку со обичните зборови. Уметноста е љубов, а љубовта е жена. Барем така мислеше Боб Марли.

И совршено објасни како треба да се сака:

– Можеби нема да и бидеш првиот маж, ниту последен, ниту само еден. Таа сакала пред тебе и може ќе сака подоцна. Но, ако таа те сака сега, зарем што било друго е важно? Таа не е совршена – но не си ни ти. И двајцата можеби никогаш нема да бидете совршни заедно, но ако таа може да те насмее, да направи двапати да се замислиш, да признае дека човечко суштество и дека греши, држи се за неа и дај и најмногу што можеш.

Ова не значи дека ќе мисли на тебе секоја секунада од денот, но ќе ти даде дел од себе кој знае дека можеш да го скршиш – нејзиното срце. Затоа, немој да ја повредиш, немој да ја менуваш, не ја анализирај и да не очекувај повеќе отколку што може да даде. Смеј се кога те прави среќен, дади и до знаење кога те полудува и нека ти недостасува кога не е во близина.