Како пензионерите да преживеат со 13 илјади денари? Одговара министерот Ѓоко Велковски во емисијата 10 минути на ТВ21.

„Реакциите на пензионерите се во однос на нивните ниски пензии. За многу малку им се покачени пензиите. Како преживуваат е и моето праашање кон нив, ако порано ни беа поддршка на нас младите во семејството, денес за жал имаме ситуација обратна. Сега младите се тие кои треба да им помогнат за да преживеат од први до први“, изјави министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

„Веднаш реагирав кога не беа излезени процентите, затоа што знаевме моделот на законот што значи. 2/3 од нашите пензионери земаат под 20.000 денари пензија, и тие ќе добијат зголемување од 750 денари. Пензионерите не се задоволни, кажуваат дека е порамнување со трошоците за живот, а не зголемување. Навистина бараме модел за вистински да ги зголемиме пензиите“, рече Велковски во интервју за ТВ 21.