Многу граѓани се уште се бесни поради вчерашниот однос на т.н. комунални редари од општина Цемтар кои измалтретираа бабичка која продавала нешто на кутија кај Буњаковец. Некои од нив денеска ја споделуваат и оваа фотографија снимена во Центар, прашувајќи: А за ѓубрево немате редари?
Чистењето на контејнерите во градот не е општинска надлежност, но секако дека општинските власти имаат надлежност да бараат од градското комунално претприајтие под надлежност на Шилегов да го чисти ѓубрето. Со музика и тапани или без тоа, сеедно.
И секако имаат надлежност наместо да бркаат стари жени, да ги крстосуваат улиците и да видат каде општината се дави во градот, по што би можеле да бараат интервенција.
Истовремено, низа граѓани се се погласни во барањето оптшината да ги објави имињати и убавите лица на тие кои ја малтретираа бабичката. Општината, се разбира, молчи и ќе чека настанот да се заборави.