Вработен во  Градска општа болница „Св. Наум Охридски”, вчера во 22:25 часот телефонски пријавил дека бил донесен А.М., кој од страна на непознато лице бил  повреден. Во извршен разговор со повредениот А.М.(47) од Скопје пријавил дека  околу 19.15 часот на булевар „АВНОЈ” додека управувал такси возило и во него се превезувале три лица со употреба на физичка сила му одзеле 920 денари и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Во Кочани на улица „Никола Карев“ во Кочани ноческа во 00:45 часот при вршење службени задачи било сопирено патничко моторно возило „Пежо” управувано од И.С.(33) од село Кучичино при што истиот започнал да се заканува и агресивно да се однесува и во еден момент и физички нападнал полициски сужбеник. Лицето е приведено во Полициска станица Кочани за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 10:20 часот во Скопје, во сопствениот дом пронајден е починат Љ.М.(35) од село Арачиново.  По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

А.Љ.(41) вчера пријавил дека на 12. месецов во џамија лоцирана во село Чегране, гостиварско од страна на две непознати лице извршена е кражба на пари. Искористувајќи го невниманието кога немало никој во џамија  истите извршиле кражба на пари од метелните каси во кои посетителите оставале пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициска станица Центар В.Н.(34) од Скопје вчера пријавил дека околу 01:00 часот на булевар „Партизански одреди” од страна на две машки лица одземено му е патничко моторно возило “Форд Куга” со скопски регистарски ознаки. Сторителите искористувајќи го невниманието на пријавителот кој возилото го оставил да работи и отишол да купи производи од маркет го одзеле истото и го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и возилото, како и целосно расчистување на случајот.

С.А.(41) вчера во 22:20 часот во Полициската станица Штип пријавила дека на улица „Партизанска” во Штип нејзиниот син Т.М.(25) бил физички нападнат од две лица, С.К. и А.К. двајцата од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вработен во Средното општинско училиште Гостивар, вчера во 10:50 часот пријавил дека околу 10.30 часот дошло до вербална расправија меѓу двајца учениц, а подоцна и до физичка пресметка меѓу нив. По преземени мерки излезено е на местото на настанот за што се поднесени соодветни поднесоци.

И.К.(47) вчера во 17:10 часот во село Раковец пријавил  физички напад извршен врз него на регионалниот пат село Пирок – Тетово од страна на непознато лице кое управувало патничко моторно возило „Опел Корса” со тетовски регистарски ознаки. Имено пријавителот околу 16:30 часот движејќи се со своето такси комбе по регионален пат село Пирок – Тетово, кај село Боговиње го претекнал возилото „Опел” по што лицето му го блокирало патот излегло од возилото и физички го нападнал И.К. упатувајќи му навредливи зборови. На И.К. му е укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајо