Еве како ве лажат македонските медиуми кои застанаа на страна на предавството на државата. Имено, пратеник од Сириза од говорницата на грчкиот парламент се обрати до „пријателите од Северна Македонија“ на за нас разбирлив јазик. Кога ќе го ислушате говорот, јасно ви е дека тој јазик има повеќе бугарски елементи, освен на пример зборот „пријатели“ и сл., кој е ист и кај Бугарите и кај Македонците.
Така што, бугарските медиуми пренесоа со право дека тој ни се обрати на чист бугарски јазик. Добро, можеби не баш на чист бугарски. Но, од македонските медиуими, тоа што е вистина, го пренесовме само на „Денешен“, објавувајки дека, иако можеби со добра намера, пратеникот на Сириза ни се обрати на бугарски јазик. Впрочем, за тоа сведочат зборовите кои тој ги употреби: „Както се разбрахме“, „всичко“, „разделја“ „да видим“, „това“, „сотрудничество“ итн. Некои зборови како, на пример, „това“ се употребува во струмичко, веројатно и во Егејска Македонија, но целиот контекст на реченицата на грчкиот пратеник, вклучувајќи го и акцентот упатува повеќе на Бугарија, отколку на Македонија.
Наспроти ова, дузина т.н. комуњарски медиуми пренесоа дека грчкиот пратеник ни се обратил на македонкси јазик. Впрочем, еве што точно кажа Гркот:
„Пријатели од Северна Македонија, както се разбрахме, време е да оставиме назад всичко които не разделја и да видим напред това което е заимнето пријателство и сотрудничевство и љубовта“.
Колку ова е на македонски јазик, што би требало да ви ги стопли душите, демек, еве колку е добар договорот и колку сега не сакаат Грците, проценете сами. Еве го уште еднаш и видеото од говорот на пратеникот – нашиот дел е по 4-та минута.