Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 март.

Денеска е Четириесет Севастиски маченици – Младенци.

Овие 40-мина беа римски војници. За време на гонењето од страна на Ликиниј кој владееше со источниот дел од Римското царство заедно со Диоклецијан, тие беа изведени пред суд заради нивната вера, а потоа ставени во замрзнато езеро и оставени таму преку целата ноќ. Кога следното утро војсководецот ги најде живи, ги погуби и нивните тела ги фрли во водата за да останат непогребани. Но, три дена подоцна локалниот Севастиски епископ ги извади моштите од водата и чесно ги погреба. Пострадаа околу 320-та година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Никола Овен.

Во 1580 година влегол во дружината на Исус како помошник. Никола Овен бил побожен човек. Во 1594 година бил затворен заедно со многу католици кои биле жртви на државните насилства. Бил мачен и во 1606 година својата племенита душа му ја предал на Господ. Бидејќи не сакал да се одрекне од својата света вера го клеветеле дека се самоубил.