Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 декември.

Денеска е Илјадници младенци, убиени од цар Ирод во Витлеем.

Глас се слуша во Рама, плач и ридање и писок голем. Рахил плаче за децата и не сака да се утеши, зашто ги нема. Вака пророштвото го опишува убиството на неколку илјади деца од Витлеем и околината од страна на безбожниот јудејски цар Ирод. Пред да се роди Христос, тројца мудреци од Исток, следејќи ја ѕвездата, дојдоа во Јудеја и го известија Ирод за раѓањето на новиот цар. Ирод се исплаши за своето царство, мислејќи дека се раѓа силен земен цар, па побара од мудреците да го известат каде се наоѓа, зашто сакаше да го убие. Но, мудреците си заминаа без да му кажат каде е новородениот цар. Ирод се разгневи и во својата лудост нареди да се испоубијат сите деца од Витлеем и околината на возраст до две години.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Хигин.

Римскиот световен календар на 11 јануари, го споменува папата свети Хигин. Од 136 до 140 г. п.н.е. бил на папската столица како наследник на свети Петар. Христијаните во времето на римските цареви, не уживале мир и почитување. Во негово време имало и многу кривоверци. Свети Хигин многу претрпел од римските цареви Хадријан и Антонин Пиј кои, ја поддржувале паганската наука. Но, тој храбро се борел со својата добра наука и со светиот живот, против сите зла кои доаѓале од страна на лошите римски цареви.