Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 март.
Денеска е Преподобен маченик Агапиј.
Свети Агапиј беше виден граѓанин на палестинскиот град Кесарија во времето кога во овој град христијаните ги гонеше некој си управник Урбан. Овој постојано ги изнесуваше христијаните пред суд, ги мачеше и ги убиваше. Згрозени од таквата глетка, неколку локални момчиња: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александовци и двајца Дионисиевци, самите си ги врзаа рацете и излегоа пред Урбан како христијани. Свети Агапиј, поттикнат од верата на овие момчиња, и самиот застана со нив и заедно со нив беше погубен. Ова се случи во 303 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Цветна недела – Цветници.
Овој ден е спомен на Исусовото влегување во Ерусалим, каде што по пет денови тој бил погубен. Исус Христос во градот бил пречекан од маса луѓе меѓу кои имало и деца кои во рацете носеле маслинови гранчиња. Но, меѓу луѓето не биле присутни градските, народните, ниту верските старешини. Во тој град Исус ќе биде распнат на крст за спасение на светот. Денешниот ден не повикува подлабоко да ја доживееме тајната на тие случувања. Во се што ќе доживееме овие денови е скриена и тајната на нашето верување и неверување во Исус Христос, нашиот Спасител.