Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 март.
Денеска е Преподобен Захариј.
Преподобен Захариј бил син на некој египќанец Карион. Кога овој отишол во манастир го земал со себе и својот син, бидејќи мајка му не можела да го издржува. Захариј не живеел долго, но за време на својот краток живот се здобил со големи благодатни дарови. Еднаш, кога го запрашале: Што значи да се биде монах, тој ја фрлил својата камилавка и ја изгазил, па рекол: Ако човек не се смири со срцето до таа мера, не може да биде монах.
Денеска се слави и Свети Артемон, епископ Селевкиски
Роден и воспитан во Селевкија. Кога светиот апостол Павле дојде во тој град, го сретна Артемон, уште повеќе го утврди во верата во Христа и го постави за епископ на Селевкија. Артемон управуваше со словесното стадо Христово со љубов и со ревност, беше лекар на човечките души и тела и во вечноста се пресели во длабока старост.