Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 декември.

Денеска е Св. Амвросиј Милански.

Свети Амбросиј се роди во Галија, денешна Франција. Татко му беше управник на Галија. Тој се школуваше во Рим, а потоа стапи во државна служба како управник на Лигурија и Емилијана. Престојуваше во Милано. Народот толку го имаше засакано што едногласно го избра за епископ на овој град. Не им пречеше ни тоа што дотогаш Амвросиј се уште не се беше крстил. Тој се крсти, ги помина за една недела сите чинови и стана епископ на Милано. Просветен од Бога, неговата мисла и зборот имаа голема сила. Многу беше почитуван од царот Теодосиј Велики. Се упокои на 57 години, во 397 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Игнациј Антиохијски.

Бил еден од големите бискупи и маченици на првата Црква. Биографски податоци за него не се сочувани. Бил бискуп на Антиохија, кој за време на владеењето на римскиот цар Трајан, во 110 година бил изложен на маченичка смрт поради верувањето во Христос. Кога го воделе кон римската арена, на христијаните им говорел: “Не се завземајте за мене, јас сакам да умрам за Христос, Божјо жито сум и забите на дивите ѕверови треба да ме сомелат, за да станам чист леб Христов”.