Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 мај.
Денеска е Св. апостол Андроник.
Свети Андроник е еден од 70-те апостоли. Тој му бил роднина на апостол Павле и поставен за епископ на Панонија, каде проповедал заедно со својата помошничка Јунија. Двајцата имаа благодарна сила на чудотворство со која ги изгонуваа демоните од луѓето и ја исцелуваа секоја немоќ и болест. Свети Андроник и Јунија пострадаа маченички, а нивните мошти се пронајдени во Евгениската област, во близина на Цариград.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Фердинад Трети.
Бил роден во 1198 година. Тој бил син на леонскиот крал Алфонс Деветти. Во 1217 година се оженил со Беатриче. За време на неговото владеење биле изградени неколку катедрали. Свети Фердинанд бил многу побожен и ја помагал црквата Христова.
За своите победи и успеси му бил благодарен на Господ. Умрел во 1252 година.