Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 март.

Денеска е Св. апостол Аристовул и св. маченик Савин.

Апостолот Аристовул бил брат на апостол Варнава. Потекнувал од островот Кипар. Бил сопатник на апостол Павле, а подоцна епископ на Британија, каде се упокоил во длабока старост. Денес се слави и маченикот Савин Египјанецот. За време на прогоните при императорот Диоклецијан, тој, со уште некои христијани, се сокрил во една пештера. За малку пари бил издаден од некој просјак на кој Савин му направил големи добрини, па бил фатен, суден и по тешко измачување фрлен во реката Нил. Пострадал за Христа во 299 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Благословена Ивана Марија де Маиле.

Била родена во 1331 година во Франција. На 11 годишна возраст во своето претскажување ја видела Благословена Марија со детето Исус. Тоа милосливо случување ја потикнало да биде многу побожна. Сакала да живее за Господ. Во 1347 година наспроти својата волја се омажила за Роберт де Силе кој одлучил безгрешно да живее со неа. Од 1346 до 1353 година кога црната чума пустошела во Европа, Ивана и нејзиниот сопруг Роберт се грижеле за болните. Во 1362 година Роберт умрел. Таа му се посветила на Господ, живеела како девица и до крајот на животот (1414 година) се грижела за сиромашните и болните луѓе.