Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 30 јули. Денеска е Св. апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник.

Сите овие беа од редот на 70-те апостоли. Сила му беше сопатник на апостолот Павле. Подоцна стана епископ на Коринт, каде и го заврши земниот живот во мир. Силуан, пак, беше солунски епископ, Крискент епископ во Галатија, Епенет во Картагина, а Андроник во Панонија.

Според Католичкиот календар денеска е Благословен Иноцент Деветти.

Бил роден во Италија во седумнаесеттиот век. Завршил правни науки во Неапол и станал доктор по право. Се одлучил да стане свештеник. На 34-годишна возраст станал кардинал. Им помагал на сиромашните. Се борел за правата на црквата против француските кралеви кои се мешале во црквените работи. Исто така, тој му помогнал и на полскиот крал Јан Собиески во одбрана на Виена и Европа од нападите на Турците. Протестантските теолози го нарекувале побожен папа.