Денеска е Св. Атанасиј Велики и Кирил Александриски.

Свети Атанасиј се роди во Александрија. Во младоста стекна солидно образование. Уште како млад, неговата ревност ја забележа архиепископот Александар, па кога потпорасна го зеде за свој личен секретар. Кога Александар се упокои на александриската катедра беше избран Атанасиј.

Свети Атанасиј неколку пати беше прогонуван оттаму од еретиците и неколку пати се враќаше на катедрата. Крајот на животот сепак го помина во својата црква во Александрија. Се упокои во 373 година. Денес се слави заедно со свети Кирил Александриски (петтиот век), зашто и двајцата александријци во свое време излегоа во заштита на православието против аријанството и против несторијанството.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Иван Боско.

Бил роден во 1815 година во Беки, близу Торино. Во 1841 година го завршил школувањето и станал свештеник. Додека се подготвувал за света Миса, се појавило едно 16-годишно момче. Иван го прашал дали ќе му помогне кај олтарот, а момчето одговорило дека никогаш не присуствувало на Миса.

Иван почнал да размислува дека треба да им помага на младите, а особено во Торино каде бил прочуен по неморал. Младите во Торино го сакале Иван бидејќи сакал да им помогне да станат добри луѓе. Свети Иван умрел во 1888 година. Му се молат луѓето за своите деца.