Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари.

Денеска е Св. маченица Татјана.

Света Татјана потекнувала од видно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Како христијанка била забележана од римските власти, затворена и мачена. После измачувањата била фрлена на лавовите, но овие се умилкувале околу неа како во времето кога животните живееја во мир со Адама. Најпосле и ја отсекле главата.

Света Татјана пострада за Христа во третиот век.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Обраќање на Св. Павле.

Бил роден во Тарз, во Мала Азија. Неговиот татко бил припадник на фаризејските следбеници, кои не го прифаќале Исус како Месија, т.е. Ветениот Спасител. Во родното место ја научил грчко-римската култура, а во Ерусалим еврејскиот профил. Павле и припаѓал на најострата струја на фаризеите. Кога Христовата наука почнала да се шири меѓу учените Евреи, особено под влијание на свети Стјепан, Павле како yвер, се фрлил во борба против Христовите верници. Бил присутен на каменувањето и мачењето на свети Стјепан. Во 36 година отишол во Дамаск. На пат кон Дамаск се сретнал со Христос, кој го прашал: „Павле, Павле, зошто ме прогонуваш?” Стравствениот прогонувач на христијаните, паднал од коњот и ослепел. Почнал да се крсти и повторно прогледал. Така проповедал дека само во Христос е спасението. За Христос, во 67 година на Остинскиот пат во Рим, го дал својот живот.