Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 септември.

Денеска е Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора.

Минодора, Митродора и Нимфодора беа сестри, родум од некое место во областа Витинија во Мала Азија. Беа воспитани во христијански дух. Кога пораснаа, сите се повлекоа од светот во пустина, живеејќи живот видлив за Бога, а невидлив за луѓето. Толку се очистија и се смирија себеси, што Бог ги украси со дар на чудотворство. За тоа набргу се дозна, па почнаа да им доаѓаат луѓе со најразлични маки. Но, за нив дозна и некој кнез Фронтон и ги изведе на суд. Гледајќи ја нивната го¬лема убавина, тој прво се нудеше да им обезбеди светска слава, но ко¬га виде дека тие на сето тоа остануваа цврсти во својата љубов кон Христа, ги предаде на маки. По измачувањата прво беше погубена Ми¬нодора, а потоа и нејзините две сестри. Ова сведоштво се случи меѓу 305 и 311 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Лино.

Тој бил првиот наследник на свети Петар, односно бил папа од 69 до 81 година. Старите записи го истакнуваат силното верување на свети Лино кој успеал да ги избрка не само злите духови, туку ги воскреснувал и мртвите. Свети Лино на слики е прикажан во одело кое се користи за време на богослужба, со книга, меч и палма во раката. Тие знаци покажуваат дека тој бил папа и учител во црквата, а мечот и палмата дека бил маченик.