Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 август. Денеска е Св. маченици Аникита и Фотиј.
Свети Аникита беше римски комит, воен великодостојник, во град Никомидија за време на Диоклецијан. Околу 305 година императорот беше дошол во Никомидија и тука нареди општ прогон на христијаните. Свети Аникита не можеше мирно да го гледа страдањето на невините, па застана пред царот и откриено исповеди дека е христијанин. Неговиот пример го следеше и роднината Фотиј.
Двајцата беа ставени на маки, а потоа изгорени заедно со многу други христијани.
Католиците денеска го слават Св. Људевит.
Бил роден во 1215 година во Франција. На 22-годишна возраст станал крал на Франција. Кога се оженил имал 11 синови кои добро ги воспитувал. Се одликувал со дух на покор и молитва, како и голема љубов кон сиромашните. За време на управувањето со кралството настојувал да ја шири Божјата слава меѓу народите. Секој ден одел на света Миса. Свети Људевит во Франција спроведувал праведни закони. Умрел во 1270 година.