Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 јануари.

Денеска е Св. маченици Теопемпт и Теона.

Свети Теопемпт беше епископ на Никомидија во времето на Диоклецијан. Кога овој ја дополни редицата царски закони против христијаните со свој едикт, епископот се најде во затвор. Беше ставан на маки цели 22 дена, но за чудо на сите остануваше неповреден. Сметајќи дека тоа се должи на некоја магија, мачителите повикаа еден пагански жрец Теона. Овој му даваше на Теопемпт да пие проверени смртоносни отрови, а откако виде дека епископот и тогаш останува непо¬вреден, се обрати и поверува во Христа. Двајцата беа затворени и набргу погубени. На свети Теопемпт му беше отсечена главата, а свети Теона жив го закопаа.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Неделна молитва за единство на христијаните.

Од 18 до 25 јануари во христијанскиот свет се одржува неделна молитва за единство на христијаните. Тие заеднички молитви го меѓусебно ги поврзуваат христијаните: бидејќи “Таму, каде што се двајца или тројца собрани во мое име, тука сум и јас меѓу нив”- Исус. Секој добар христијанин ќе настојува со молитва да учествува во екуменската работа на црквата. На неделната молитва учествуваат милиони христијани со различна вероисповед. Да им се придружиме на христијаните и да се помолиме за единство на оние кои веруваат во Христос, бидејќи желбата на Христос е: “Сите да бидат заедно”.