Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 март.

Денеска е Св. Марко Исповедник, епископ на Аретусија, во Сирија.

Преподобен Марко живеел во времето на царот Константин. Во тоа време, тој разурнал некој незнабожечки храм и многумина превел во христијанството. Но, кога на царскиот престол дошол Јулијан Отстапникот, кој го подржувал старото паганство, граѓаните на Аретусија му се спротивставиле на преподобен Марко, барајќи од него повторно да го изгради храмот или да плати голема оштета. Но, откако веќе стариот светител го откажа и едното и другото, беше ставен на маки и кога храбро ги издржа своите измачувања повторно беше пуштен на слобода. Неговото исповедништво допре до многу аретусиски граѓани кои откако примија поука од старецот, повторно се вратија во Христовата вера.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Според католичкиот календар, именден слават Станислав, Станко, Радмила, Радмил.

Свети Станислав, епископ Краковски и маченик (во календарот на 11 април). Бил убиен со меч од полскиот крал Болеслав II, па морал да замине во егзил во Унгарија. Според старата традиција, тој се покајал во манастирот Осоје во Корошкем. Оваа приказна ја напишал поетот Антон Ашкерц во песната Мутец осојски.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР: Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:12 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 04 часот и 22 минута. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано.

За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.