Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 август.

Денеска е Св. седум отроци во Ефес.

Овие седум момчиња христијани, бегајќи од гонењето на царот Декиј (249-251), се засолнија во една пештера близу Ефес. Таму Бог им прати еден чуден и долг сон. Додека тие спиеа, нивните гонители го заѕидаа влезот во пештерата. Двесте години подоцна, во времето на царот Тео¬досиј Помладиот (408-450) настана голем спор околу воскресението на мртвите. По Божја промисла некои овчари близу Ефес градеа трла за својата стока и за таа потреба ги користеа камењата од истава пештера. И тогаш момчињата се разбудија од сон, здрави и млади какви што беа пред цели два века, на тој начин сведочејќи за реалноста на воскресението. Не¬дела дена подоцна тие пак заспаа, но сега со смртен сон, за да го чекаат денот на општото воскресение.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Хијацинт.

Живеел во тринаесеттиот век. Бил припадник на католичкиот монашки ред кој го основал свети Доминик и кој бил наречен Доминиканци. Припадниците на доминиканскиот ред проповедувале и го ширеле верското учење. Свети Хијацинт проповедувал не само во Полска, туку и во Прусија и Украина. Живеел сиромашно и побожно. На свети Хијацинт му се молат верниците за истрајност во верата.