Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 октомври.

Денеска е Св. свештеномаченик Еротеј.

Зборот маченик доаѓа од грчкиот мартис, што во превод значи сведок. Значи, македонскиот јазик става акцент на страдањето за Христа, кое е симбол за влезот во новиот живот. Во својата суштина исто значење има и грчкиот мартис, само што се става акцент на проповедта, т.е. сведочењето за Христа со личниот пример на мачениците.

Таков сведок беше и светиот Еротеј, инаку другар на Дионисиј Ареопагит, кој исто како и Дионисиј ја прими верата во Христа од апостол Павле и, исто како и Дионисиј, стана атински епископ. После Дионисиј и Еротеј, Христовата вера фати длабоки корени во Атина.

Овој маж го заврши плодниот живот со маченичка смрт.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Игнације Антиохијски.

Тој бил бискуп и маченик. Роден кон средината на првото столетие, како наследник на Петар, управувал со Христовата Црква во Антиохија. Поради вербата во Исус Христос бил осуден на маченичка смрт со предавање на дивите ѕверови во римските царски арени, за време на владеењето на царот Трајан во 107 година. Тој славно ја поднел својата смрт. На пат кон Рим, напишал седум списи во кои мудро зборувал за Исус и црквата. Тој во овие списи има напишано дека подобро е да умре, за да се соедини со Исус Христос, отколку да владее со целиот свет. Христијаните му се молат на Свети Игнације, за даги чува од тешки моменти во животот.