Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 јуни.

Денеска е Св. свештеномаченик Евсевиј Самосатски.

Свети Евсевиј живееше во четвртиот век, време кога црквата е присилена да се бори со неколкуте тринитарни ереси. Свети Евсевиј во тоа време беше епископ во градот Самосат, во Антиохиската област. Во текот на долги години додека на царскиот престол се менуваа цареви аријанци, Евсевиј истрајуваше во правото исповедање на верата.

Од таа причина беше испратен и во прогонство. По враќањето од прогонство, за време на император Грацијан, умре од раната што му ја нанесе една жена аријанка.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Кирил и Методиј.

Живееле во деветтиот век. Биле родени во Солун. На повик на кнезот Ростислав ја ширеле верата во Моравија. Искоренувајќи ги поганските заблуди, тие го натерале народот да се откаже од паганските обичаи. Литургиските книги напишани според глаголското писмо, тие ги превеле на старословенски јазик.

Свети Кирил умрел во Рим во 869 година, а Методиј станал бискуп. Отишол во Панонија и започнал да го проповедува Евангелието. Свети Методиј умрел во 885 година во Велеград.