Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 ноември.

Денеска е Св. великомаченица Екатерина.

Света Екатерина потекнуваше од царски род. Татко и умре наскоро по нејзиното раѓање, па така таа остана да живее со мајка си во Александрија. Беше одлично школувана и надарена со голема телесна убавина. Мајка и која беше потајно христијанка ја научи на верата во Христа. За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострада во 310 година. Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име.

Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Амброзиј.

Бил роден во Триер во 339 година. Потекнувал од угледно римско семејство. Татко му бил висок царски чиновник во Галија. Амброзиј во младоста студирал во Рим, леторика и право. Околу 370 година станал гувернер во северна Италија со седиште во Милано. Но, подоцна пристапил на духовниот сталеж и бил избран за милански бискуп. Како бискуп се истакнал во проучувањето на своите верници во одбрана црквата против поганството, и против другите кривоверства.

Свети Амброзиј се вбројува меѓу четирите големи западни свети татковци. Тоа се оние писатели кои во минатото се одликувале со светост на животот и големо теолошко знаење. Тој е познат и како голем поборник за независност на црквата од државната власт. Свети Амброзиј бил голем говорник во своето време. На неговите проповеди му се обраќал на христијанството на Свети Августин. Верниците му се молат во сите услови на животот.