Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 март.

Денеска е Св. Кирил Ерусалимски.

Свети Кирил се роди во Ерусалим во времето на царувањето на Константин Велики. Во 350 година беше избран за Ерусалимски патријарх. Три пати беше прогонуван. Пострада од аријанците и од царот Јулијан Отстапникот. Се упокои во времето на царот Теодосиј Велики (втора половина на четвртиот век).

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска, 31 март, според католичкиот календар, именден слават: Бенџамин, Амос, Љубомир и Наталија.

Значење на името Бенџамин: Име од античко хебрејско потекло. Значењето на името е „син на десната рака“ или „син на југот“, а се толкува и како „син на среќата“. Значење на името Наталија: Тоа е име со латинско потекло кое потекнува од зборот natalis, што значи „роден, роден“, додека dies natalis значи „ден на раѓање“, односно „роденден“. Освен во декември, именденот на Наталија се слави и на 31 март.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР

31 март 2023: Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:00 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 04 часот и 44 минута. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.