Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 октомври.

Денеска е Св. маченици Евлампиј и Евлампија.

Беа брат и сестра, од Никомидија. За време на прогоните на Максимијан, една група христијани се засолни во една пештера надвор од градот. Евлампиј го пратија в град по леб. Тој наиде на царската наредба, залепена на ѕид, да се гонат и убиваат христијаните и ја искина, па беше изведен на суд. Кога судијата го советуваше да се откаже од Христа, и Евлампиј почна да го советува судијата да се откаже од идолите и да Го признае Христос како единствен жив Бог. Заради тие зборови беше ставен на маки.

Кога сестра му слушна за тоа, дотрча од пештерата и таа заедно со братот да ги прими маките заради Христа. Најпосле, на Евлампиј му беше отсечена главата, а Евлампија издивна од измачувањето.

Католички календар: Денеска е Св. Иван Капистрански.

Се родил во Капестран на 24.06.1386 година. Неговиот татко, феудалец му овозможил образование кое го имале благородничките синови. Кога го почувствувал Господовиот повик, влегол во Редот на свети Фрање. Во Европа го проповедал Евангелието и ги побивал кривоверствата. Умрел во Илок, во Хрватска во 1456 година. Верниците му се молат за разни потреби.