Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 февруари.

Денеска е Св. великомаченик Теодор Тирон.

Свети Теодор Тирон, покрај овој свој неподвижен празник на денот на неговото мачеништво, се слави и во првата сабота од Великиот пост. Таа сабота е позната како Тодорова сабота, подвижен празник кој зависи од почетокот на постот. Светителот е истиот и денеска се сеќаваме на неговата маченичка смрт. Теодор живееше во четвртиот век, служејќи како војник за време на царевите Максимијан и Максимин во малоазиската област Понт. И покрај прогоните тој не ја криеше својата вера во Христос, заради што беше затворен, мачен и најпосле жив изгорен.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Симплициј.

Управувал со црквата од 468 до 483 година. За неговиот понтификат, во 476 година пропаднало Римското Царство. Црквата на христијанскиот Исток била вознемирувана од последиците на монофизитското кривоверство. Монофизитите ја негувале човечката природа во Исус Христос. Папата Симплициј се борел против овие тешки ерези во своите проповеди. Умрел во 483 година.