Борбата против криминалот, високата корупција мора да продолжи и ние навистина конечно мораме да имаме решение, со кое сите ресурси ќе бидат ставени во функција на вистинска и бескомпроимисна борба против криминалот, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во „Топ Тема“ на ТВ Телма.
– Суштината на целиот проблем зошто ние не стигнуваме до решение сите овие месеци наназад се сведува на една многу проста причина, а тоа е како да не видат светло на денот одредени предмети што ги води СЈО. Тоа е вистината, рече Калеска Ванчева.
Веќе целата јавност знае кој има сериозен, а кој несериозен пристап за решавањето на прашањето со Специјалното јавно обвинителство, продолжи пратеничката Калеска Ванчева, нагласувајќи дека „СДСМ како одговорна партија се залага и ќе се залага политиката да не се меша во третата власт, како и за градење систем на независно и неселективно владеење на правото“.