Драстично ќе се намалуваат паричните казни за оние кои без одобрение на министерствотот за внатрешни работи произведуваат, продаваат или држат опрема за прислушување. Глобите за оние кои незаконски поседуваат опрема за следење на комуникациите се движат од само 15 евра, до 10.000 евра. Досега најмалата казна изнесуваше 3.000 евра за физички лица, додека пак, 10 отсто од приходите за компаниите кои располагаат со ваква техника. Предлогот е на министерот за внатешни работи Оливер Спасовски кој изготвил измени на Законот за следење на комуникациите, а кој веќе е објавен на ener.gov.mk https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=dPkTfWoeZkAeA7ufywKVpg==
Според предлогот, за малите фирми кои неовластено поседуваат опрема за прислушување глобата ќе изнесува од 50 до 1.000 евра, за средните фирми од 250 до 6.000 евра, додека пак, големите компнаии кои незаконски би располагале со ваква техника би платиле најмногу 10 илјади евра. Досега независно од големината, компанијата која незкаонски поседува опрема за прислушување се соочуваше со казна од 10 отсто од годишните приходи. Одговорното лице во копманијата пак, ке се соочи со казна од 15 до 500 евра наместо досегашаните 30 отсто од глобата што ја платила компанијата која неовластено ја имала опремата. Наместо три години забрана за вршење дејсност, сега се предлага најмногу две години.
Доколку граѓанин пак, произведува, продава, врши увоз и извоз или поседуваат средства за следење на комуникации без одобрение на МВР намсето досегашните 3.000 до 5.000 , глобите сега ќе бидат скромни од 15 до 150 евра.
Се предлага да се намалат и казните доколку оние кои овластено поседуваат ваква опрема не ги почитуваат правилата.
Намалувањето на глобите за оние кои поседуваат опрема за следење на комуникациите стигнува во време кога речиси секојдневно се објавуваат прислушувани материјали.
Еве го Предлогот на Спасовски:

 

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

 

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА

ЗАКОНОТ

ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ

Скопје, септември 2019 година

В О В Е Д

  1. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Министерството за внатрешни работи, согласно законски утврдениот делокруг на надлежности, е овластен носител на Законот за следење на комуникациите („Службен весник на Република Македонија“ бр.71/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 108/19).

Со Законот за следење на комуникациите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.108/19) се уредуваат постапката за спроведување посебна истражна мерка: следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации, условите и постапката за спроведување на мерките за следење на комуникациите заради заштита на интересите на безбедноста и одбраната на државата, вклучувајќи ги и мета податоците, надзорот и контролата над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите и обврските за Оперативно – техничката агенција и операторите.

Со предложените изменувања на Законот за следење на комуникациите се врши усогласување со Законот за прекршоците (,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19), во конкретни сегменти во однос на содржината, кои се однесуваат на прекршочните одредби.

Истовремено со предложениот закон се врши  интервенција во однос на името на државата, а со цел имплементација на Уставните амандмани XXXIII – XXXVI и Уставниот закон за спроведување на Уставните амандмани  („Службен весник на Република Македонија“ бр.6/19).

  1. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН

Предлогот на закон за изменување на Законот за следење на комуникациите се заснова врз истите начела врз кои е заснован Законот за следење на комуникациите.

Закон за следење на комуникациите се заснова врз следните начела:

– почитување на човековите слободи и права утврдени со устав, закон и ратификувани меѓународни договори и

– забрана за следење на комуникациите од овој закон без судска наредба.

 

III. ОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН ВРЗ БУЏЕТОТ И ДРУГИТЕ ЈАВНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Предлогот на Закон за изменување на Законот за следење на комуникациите нема финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија.

 

  1. ПРОЦЕНА НА ФИНАНСИСКИТЕ СРЕДСТВА ПОТРЕБНИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ И НАЧИНОТ НА НИВНОТО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, КАКО И ПОДАТОЦИ ЗА ТОА ДАЛИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ПОВЛЕКУВА МАТЕРИЈАЛНИ ОБВРСКИ ЗА ОДДЕЛНИ СУБЈЕКТИ

За спроведување на Предлогот на Закон за изменување на Законот за  за следење на комуникациите не се потребни дополнителни финансиски средства од Буџетот на Република Северна Македонија.

 

  1. ПРОПИСИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ДОНЕСАТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ

Донесувањето на предложениот закон имплицира донесување на подзаконски прописи чија содржина е предвидена со одредбите на предложениот закон.

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА КОМУНИКАЦИИТЕ

 Член 1

Во Законот за следење на комуникациите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 71/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.108/19), во член 69 во ставот (1) се менува и гласи:

„ Глоба во износ од 50 – 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; 50 –  2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци;  250 – 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и 250 – 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци, ќе му се изрече на правно лице ако произведува, нуди на продажба, продава, врши увоз, извоз, реекспорт или држи средства за следење на комуникациите без одобрение на Министерството за внатрешни работи. (член 2 од овој закон)“.

Ставот (2) се менува и гласи:

„ Глоба во износ од 15 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.

По ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи:

“Глоба во износ од 15 до 150 евра во денарска противредност ќе му се изрече на трговецот поединец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

Во ставот (3) кој станува став (4) зборовите „од 3000 до 5000 евра“ се заменуваат со зборовите „од 15 до 250 евра“.

                                                Член 2

Во член 70 ставот (1) воведната реченица се менува и гласи:

„ Глоба во износ од 50 – 1.000 евра во денарска противвредност – за микро  трговци; 50 –  2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци;  250 – 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и 250 – 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци, ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно глоба во износ од 15 до 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на трговецот поединец, ако:“

Ставот (2) се менува и гласи:

„ Глоба во износ од 15 до 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на одговорното лице во правното лице за прекршокот од ставот (1) на овој член.

По ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи:

“Глоба во износ од 15 до 150 евра во денарска противредност ќе му се изрече на трговецот поединец за прекршокот од ставот (1) на овој член.

 

Член 3

Во член 71 во ставот (1) зборот „три“ се заменува со зборот „две“.

 

Член 4

Во целиот текст на законот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“.

 

Член 5

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.