Едно лице загина, а повеќемина се повредени, од кои двајца се во критична здравствена состоја, откако денеска се случи пукање во средно училиште во Санта Кларита, Калифорнија.
Напаѓачот бил облечен во црно и се верува дека е азиско потекло. Според Си Ен Ен напаѓачот најверојатно бил ученик во тоа училиште. Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека напаѓачот е веќе задржан и се наоѓа во болница. Полицијата, исто така, побара будност во соседните реони.
-Веруваме дека работел сам, засега нема други обвинети. Продолжуваме со истрагата и ги собираме сите достапни информации, изјави шерифот на Санта Кларита.
Бројот на ранетите засега е непознат и во новинските извештаи варира од петмина до седумина. Двајца од критично повредените се мажи, третата е девојка, која во меѓувреме подлегнала на повредите.
Веднаш по пукањето се јави сенаторката од Калифорнија Камала Харис, учесник во трката за номинација претседателски кандидат од демократите.
-Ова не треба да се случува, не треба да спроведуваме вежби по школите во случај на пукање. Бараме итна забрана за продажба на автоматско оружје и нов закон за оружје, изјави Харис за „Си-Ен-Ен“.