Од судските списи во Калифорнија автоматски ќе бидат избришани повеќе од 85.000 пресуди за помали престапи поврзани со употреба на марихуана, благодарение на новата компјутерска програма која почна да се применува во оваа американска држава каде продажбата и употребата на марихуана за рекреативни цели е легализирана во 2018 година.
– Мерката ќе им го донесе неопходното олеснување на жителите кои не се белци, кои премногу страдаа од неправедните последици од нашите закони во оваа област, рече Џеки Лејси, главната државна обвинителка на округот Лос Анџелес, во кој ќе се избришат 66.000 пресуди.
Од 53.000 лица опфатени со мерката во округот Лос Анџелес, 32 отсто се црнци, 45 латино Американци и 20 проценти се белци, информира канцеларијата на државната обвинителка.
Овие пресуди, од кои некои се изречени уште во 1961 година, често се пречка при вработување и наоѓање стан.
– Оваа технологија за неколку секунди може да препознае кои случаи се соодветни за примена на оваа мерка и така да му помогнат на персоналот да не мора да го проучува секој предмет поединечно во судската архива, соопштија претставници на локалните власти.