Горан Калоѓера
Вчера ја прочитав веста дека општина Чаир (една од десетте општини што го сочинуваат градот Скопје) ја губи улицата Војдан Чернодрински и ја заменува со име на некој оџа.
Немам ништо против оџата, ниту знам нешто за него, можеби бил голем човек, но тоа не ме интересира. Се најдобро за него и нека почива во мир. Знам дека мнозинството од населението во таа општина се Албанци, па не ме чуди.
Но, изненаден сум што исчезнува и се губи името на Војдан Чернодрински, еден од исклучително значајните личности во контекст на македонското книжевно и културно наследство. Чернодрински заминува и доаѓа оџа. Ништо чудно, такви чуда се случуваат и во Хрватска, едни исчезнуваат, други доаѓаат… така велат новите времиња.
Ама да видиме кого тоа тргнале советниците Албанци. Војдан Поп Георгиев Чернодрински најголемиот дел од својот живот го поминува во Бугарија, како и сите размислувачки Македонци кои избегаа од турскиот терор. Во Бугарија организира драмски круг (Македонска слога), а подоцна и патувачкиот театар „Скрб и утеха“, за чии потреби пишувал драмски текстови, политички интонирани.
Би сакал да истакнам дека овие текстови, во самото срце на бугарската држава, имаа функција на идеолошка мобилизација на Македонците. За потребите на „Кружок“ га напиша драмите Дрвосечач, Во гостилницата, На Нова година. Неговото капитално дело е „Македонска крвава свадба“ која беше изведена во неколку илјади претстави. Ја измислил и првата македонска опера „Средба“, која е прва македонска драма во стихови. Пишувал поезија и проза, бил публицист, речиси до неговата смрт. Оставил две големи збирки стихови во ракопис. Од неговото наследство треба да се споменат и драмските текстови „Роб и ага“, „Патиме од главата“, „Зло за зло“ „Слав Драгота“… сите инспирирани од македонската далечна и понова историја.
И Чернодрински замина и дојде оџата. И сите молчат, никој не протестира, никој не се жали, затоа што нема смисла. И сега има една будала од Хрватска која мисли дека тоа не е во ред. И сите молчат, молкот е злато во Македонија. Нека оди улицата, но не заборавајте на Чернодрински!