Прашањата за идејата за заедница на албански општини ви Македонија се затворени со Охридскиот рамковен договор, кој беше утврден како столб на мирот и стабилноста во регионот, изјави вицепремерот Бојан Маричиќ.

– Етничките права не ги врзуваме за територија и тие прашања се одамна затворени и нема потреба да влегуваме во косовско сценарио, рече Маричиќ во гостувањето на ТВ 24 во Струдио 10.

Вицепремиер за евроинтеграции додаде дека со тоа му правиме штета на соседот.

-Жал ми е што Алтератива влегува во косовско сценарио со што му прави повеќе штета на Косово, рече Маричиќ.