Поставувам прашање до МНР на Република Македонија – кое е одговорно лице во Амбасадата на Република Македонија во Република Хрватска, господин Џафери или госпоѓа Колоска?, прашува почесниот конзул на РМ во Република Хрватска, Горан Калоѓера и продолжува:
„Би сакал да добијам одговор на ова прашање како почесен конзул на Република Македонија во Република Хрватска. Кога ќе добијам одговор ќе го објаснам овој меил, кој произлегува од мојата тотална разочараност од работата на Амбасадата, како и од тоталната негрижа за желбите и молбите од бројните граѓани на Република Македонија кои ми се упатени заради тотапната индоленција и негрижа на службениците од Амбасадата.
Ова го трпам веќе две години и доста ми е. Како почесен конзул, за жал, не можам да им помогнам на граѓаните на РМ зашто немам овластувања за тоа, но ми се гади и го презирам игнорантскиот став на службениците од Амбасадата кон барањата за помош од граѓаните на Република Македонија во Република Хрватска.
Што се однесува до мене, доколку сум виновен во оваа постапка, уште утре ќе дадам оставка на должноста почесен конзул, која за актуелната власта во Република Македонија очигледно е за потсмев.
Е, на мене, како член на МАНУ и како почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, тоа не ми е потребно. Затоа, господа од Министерството и Амбасадата, работете ја својата работа за добробитта на своите граѓани, но симнете ме од оваа (моментално) смешна функција на почесен конзул“, порачува Калоѓера.