„Според Д. Ѓорѓиев, претседателот на македонско-бугарската комисија за учебници, со работата на истата не била засегната „официјалната академска историографија“! Неточна и манипулативна изјава!“, пишува Наташа Котлар.

„Напротив, комисијата директно ја засегнува целокупната официјална академска историографија во РМ, бидејќи научните истражувања, пишувања и толкувања ги прави токму таа. Што значи, академска историографија создава научна продукција, која потоа се преточува како синтеза во учебниците. А, тие треба да помогнат во процесот на стекнување на знаења на помладите генерации, а не на нивно стекнување перцепции, други се дејностите кои имаат за цел и задача – перцепции. Што значи работата на комисијата е директен атак на 73 -годишна научна продукција во РМ! Ова пак ни се случува заради наше недоволно познавање на нештата и на работата, како и заради површност и лукративност! Очајно!“, реагира Котлар.

Драги Ѓоргиев

Нејзината реакција доаѓа по изјавата на претседателот на македонската Комисија за преговори со соодветната бугарска Комисија за нашите учебници, според кого, тие се занимаваат само со содржината на учебниците, а не и со академската историографија на РМ. Како меѓутоа ќе интервенирате во учебниците по историја во РМ од кои учат и децата, а со тоа да не интервенирате во т.н. „академска историографија“ на Македонија, Ѓоргиев не појасни.

Инаку, Котлар е еден од ретките наши историчари која и последниве месеци не молчи во врска со случувањата на овој план во РМ.