Градоначалникот на Лондон Садик Кан побара од британскиот премиер Борис Џонсон да забрани мешање на луѓе од различни домаќинства.
Тој повика на тоа како дел од рестриктивните мерки за главниот град на Британија за да се запре ширењето на Ковид-19.
„Една од работите што му ги кажав на премиерот е дека мислам оти треба да следиме што се случува во земјата и да престанеме со социјалното мешање на домаќинствата“, рече Кан во интервју за британскиот „Гардијан“.
„Го велам тоа со тешко срце“, истакна тој.